Download Kazneno Pravo Poseben Del So Praktichni Primeri - Avtorizirani Predavanja PDF

TitleKazneno Pravo Poseben Del So Praktichni Primeri - Avtorizirani Predavanja
File Size568.5 KB
Total Pages102
Document Text Contents
Page 2

ЗА ВТОРОТО ИЗДАНИЕ

Изменетото и дополнето издание на овие авторизирани предавања, е направено
од неколку причини :
-да се внесат сите измени на законските битија на казнивите дела , кој се
обработени во овој труд , кој во меѓувреме настанале со Измени и дополнувања
на КЗ(во периодот 2008-2012 год),
- дополнително да се обработати и други инкриминации, кои најчесто се
јавуват во нашата правна практиката,
- на крајот од секoe обработенo законско битие на кривични дела , да се дадат
случаи од практиката(антентични) или прилагодени и обработени за да можат да
им користата на студентите , за полсно совладување на елементите на
законските битија на соодветните инкриминации., и
-дополнително хипотетично да се приказат случаи , во својство на задачи, за да
би можеме студентите многу полесно да ја совладат наставната програма по овој
т.н. клинички наставен предмет
Согласно наставната програма на предметот Казнено право -применета
програма , основна цел и мотив на овој наставен предмет е добивање на
студентите по право - правосудна насока, преку практичните случаи и задачи
да се стекнат со основни практични вештини , за имплементација на казненото
законодавсто во практиката.
Според наше мислење, тоа најдобро би можело да се постигне , преку реални
примери од практиката или обработени и прилагодени практични примери и
решавање на хипотетички поставените, кривично-правни случаи.
Студентите , според нивното присуство на наставата и нивниот активен однос,
покажуват особен интерес, за овој наставен предмет.
Ова ме поттикна, да се обидам да им овозможам начин на кој, освен со
стекнатите теоретски знаење , ќе се стекнат со дополнителни основни
познавања,во насока на имплементација на казненото законодавство во
практиката.Ова особено би им користело , по нивното дипломирање на
прваните студии, кога ќе работат како дипломирани правници-приправници,
особено во правосудните институции.
Посебен акцент, ќе биде ставен на обработување и пишување на јасни и
прецизни диспозитиви,како еден од најсуштествените елементи на процесно-
правните акти ,(барања за спроведување на истрага, обвинение, пресуда) во кој
ќе бидат содржани сите потребни елементи(време, место , начин на
сторувањето на казненото дело).
Прецизните и јасни процесно правни акти, со јасен опис да дејствијата на
сторување на соодветното кривичнодело, во кое е даден опис на сите потребни
елементи на законското битие на соодветното казнено дело, птетставува еден
од основните процесно –првани претпоставки, за успешно водење на казнената
постапка.
Впрочем, нејасна и противречна изрека на пресудата, е суштесвена повреда на
одредбите од ЗКП, во смисла на чл 355 ст. 1 т11, на која второстепениот суд
внимава и по службена должност, и како таква, има правни оследици за
укинување на првостепената пресуда, што во практиката не е редок случај.
Ваквото пак укинување на првостепените пресуди, влијаее во негативна смисла
на ефикасноста и ефективноста на казнената постапка.

2

Similer Documents